Настани

СЕ ОТВОРИ НОВА ЦРКОВНА ПРОДАВНИЦА ПРИ ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ, МЕЛБУРН (ВИКТОРИЈА)

Денес, на 28. 03. 2024 година при храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија) се отвори нова црковна продавница како најнов проект на оваа црковна општина. Во продавницата може да се најдат икони, книги, бројаници и други црковни предмети. Црковната општина изразува своја благодарност за реализацијата на овој проект до MOCMV и до MIJAK-Construction.

БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ НА ТОДОРОВА САБОТА

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри,   Првата сабота од Велигденскиот пост, нашата света Црква ја нарекува Тодорова сабота. Ова име го добила според еден немил настан што се случил во почетокот на IV век, за време на императорот Јулијан Отпадник. Како што знаеме, овој византиски император сакал христијанството да го истреби и повторно да го воведе многубоштвото,и покрај силниот отпор од христијаните. …

ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ – МЛАДЕНЦИ ВО ЕПИНГ

На 22. 03. 2024 година,  во првиот петок  од Великиот пост, кога Светата Црква ги празнува Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци; Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици; Преподобен Филор Исповедник; Свети Кесариј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со …

ЛИТУРГИЈА НА ПРЕДХОДНО ОСВЕТЕНИ ДАРОВИ – ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ

Литургијата од една страна e реална животна средина, а од друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и да се вознесе, ни ја покажа и ни ја даде таа вистинската храна – Телото …